тунели за сено

Монтажните објекти се покриени со ПВЦ покривка кои служат за земјоделство, индустрија и трговија.

Изработени се во дупла метална конструкција на тој начин што бочните надворешни страни се зајакнати, односно цевката ø 54 мм/4 мм е втисната во надворешната поцинкувана цевка ø 60 мм/2 мм, што на нашите тунели им дава исклучителна цврстина.

Можат брзо да се состават на речиси секое место, самостоечки се и можат да се закотват директно на земја без бетонски темели.

Нашите тунели се погодни за многубројни примени: како складишна хала за земјоделството и индустријата, како хала за складирање земјоделска механизација, како засолниште за пасење животни и многу повеќе.

Квалитетна церада од 680 г/м2 од германскиот производител Мелер
Лизгачка врата – можност за вградување лизгачка врата која може да се вгради на двете чела или според потребите на клиентот.
Темелите можат да бидат: клинови во земја, асфалт или типлање во бетон.
Тунелот е изведен во дупла метална конструкција, цевка по цевка, каде топло поцинкуваните цевки фи 60/2мм се навлечени на носачите на цевки фи 54/4мм. Цевките се дупли до попречната греда.

Предности

 Кратко време на испорака, брза монтажа и долг работен век на објектот.

Можност за проширување во согласност со барањата за простор за складирање.

Ароса Гранде е синоним за висококвалитетни, трајни производи. Тунелите за сено се изработени од поцикнуван челик преслечен со висококвалитетна полиестерска ткаенина.

Нашите тунели за сено се и отпорни на силен ветер и снег.

Тунелите за складирање на ролни бали сено се одличен начин за квалитетно складирање на сено и слама и притоа да се заштеди до 150 евра по грло преживар во текот на 1 година.

Сеното е исклучително важна сточна храна, која мора да се обезбедува во доволни количини и притоа да се води сметка за неговиот квалитет, особено во зимскиот период, кога е намалена можноста за пасење.
Со правилно складирање на сеното во тунели, ги зачувуваме неговите хранливи материи, постигнуваме подобар квалитет на сеното, го подобруваме неговиот мирис и вкус и го зголемуваме производството на млеко до 40%.

Најчесто поставувани прашања

Која е цената на објектите на Ароса Гранде по м2?

Цената на метар квадратен зависи од видот и површината. Бидејќи секој објект е специфичен и приспособен на желбите на купувачот, за жал, општ ценовник не е достапен. Продажниот тим подготвува понуда или дава информативна цена во рок од максимум 5-10 работни дена по добивањето на сите потребни податоци за пресметката.

Кое е очекуваното време на испорака на објектот?

Времето на испорака се одредува поединечно – во зависност од моменталниот обем на работа на нашата компанија и големината на објектот. Вообичаеното време за испорака на објектите е од 45 до 60 дена.

Колку трае гаранцијата и животниот век на објектот?

Гарантниот рок за ПВЦ покривката е 5 години.

Според нашето искуство, животниот век на конструкцијата не е ограничен, бидејќи компонентите на конструкцијата се поцинкувани и може да се користат до 30 години без проблеми.

Како се подготвува теренот?

Теренот треба да биде што порамен. Потребна е нивелација на теренот со максимален пад до 2% во ширина и висина. Тунелот може да се постави на набиен песок, кршен камен, асфалт или бетон. Потребната дебелина односно носивост на почвата зависи од ширината, носивоста на конструкцијата и барањата на купувачот.

Која боја на ПВЦ покривка се препорачува?

Во повеќето случаи, препорачуваме бела проѕирна церада во средината на покривот, додека останатиот дел од објектот е зелен, сив или бел. Оваа комбинација овозможува доволно сончева светлина во објектот без дополнителна вештачка светлина, а со тоа ги намалува оперативните трошоци. Достапни се и други комбинации на бои од палетата на производителот.

Дали е можно на објектот да се додаде рекламен знак или лого?

Можеме да додадеме оглас (по договорена цена), доколку клиентот благовремено ни испрати рекламен знак или лого во соодветен дигитален формат. Откако ќе го добиеме логото и саканите димензии, изработуваме нацрт кој потоа го проследуваме до инвеститорот за потврда.

Дали конструкциите се изработени од челик или алуминиум?

Сите конструкции на Ароса Гранде се направени од челични профили, бидејќи челикот може да издржи поголеми оптоварувања и има подобри технички својства од алуминиумот кога се користи во градежништвото. Челичната конструкција најчесто е топло поцинкувана или (на барање на клиентот) обоена.

Може ли објектот на Ароса Гранде да се спои со постоечка зграда или објект?

ДА, но во овој случај потребна е посебна пресметка, и мора да се достават сите податоци за постоечката зграда.

Дали објектите на Ароса Гранде се произведуваат во Хрватска?

ДА, сите производи на Ароса Гранде се произведени во Хрватска и од материјали со сертифицирано потекло од ЕУ.

Дали е можно накнадно да се премести објектот на друга локација?

ДА. Целата конструкција е заварена во производниот процес и е составена со шрафови на лице место. Структурата може да се расклопи.

Што да направите ако церадата е оштетена?

Можеме да ја замениме. Нарачателот ги сноси следните трошоци: демонтажа, монтажа и завршни работи.